Бордот извршни директори на Светската банка го одобри дополнителниот финансиски заем во од 37,2 милиони евра за Проектот за подобрување на општинските услуги во Македонија, кој ја промовира транспарентноста, финансиската одржливост и испораката на целните општински услуги за граѓаните. Дополнителното финансирање го комплетира почетниот заем од 25 милион долари и има за цел да и помогне на земјата во двојниот предизвик од зголемените инвестиции во општинските услуги и инфраструктура, истовремено опфаќајќи ги недостатоците во општинските резултати и локалните капацитети. Средствата ќе ја поддржат програмата на Владата на Македонија за периодот 2011-2015, што го потенцира значењето на инвестициите во урбаната инфраструктура и општинските услуги за поддршка на економскиот раст и вработувањето.
Бордот извршни директори на Светската банка го одобри дополнителниот финансиски заем во од 37,2 милиони евра за Проектот за подобрување на општинските услуги во Македонија, кој ја промовира транспарентноста, финансиската одржливост и испораката на целните општински услуги за граѓаните.
Како што соопшти Канцеларијата на СБ во Македонија, дополнителното финансирање го комплетира почетниот заем од 25 милион долари и има за цел да и помогне на земјата во двојниот предизвик од зголемените инвестиции во општинските услуги и инфраструктура, истовремено опфаќајќи ги недостатоците во општинските резултати и локалните капацитети.
Средствата ќе ја поддржат програмата на Владата на Македонија за периодот 2011-2015, што го потенцира значењето на инвестициите во урбаната инфраструктура и општинските услуги за поддршка на економскиот раст и вработувањето.